Без струја утре улиците „Ѓорѓи Капчев”, „Бел Камен” и „Радишански Пат” и дел од „Букурешка”

Без електрична енергија утре ќе останат неколку улици во општините Аеродром, Бутел и Карпош, соопшти ЦУК-Скопје по известување добиено е од ЕВН Македонија АД.

Во периодот од 08.30 до 15.00 часот, без електрично напојување ќе бидат корисниците од ул. Ѓорѓи Капчев – подулица 2 спроти парк Бановина, во општина Аеродром, од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Бел Камен и Радишански Пат во општина Бутел и од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Букурешка од бр.14 до бр.129. во Општина Карпош.

Loading..

извор:slobodenpecat.mk