Дара Бубамара: НЕМА ШЕИК КОЈ МЕНЕ МОЖЕ ДА МЕ КУПИ

Контроверзната српска пејачка Дара Бубамара ги спакува куферите и замина во Дубаи. Таа постојано на својот официјален инстаграм профил поставува провокативни фотографии. Во описот на последната фотографија која ја сподели пејачката се пофали со бујното деколте и облините за кои рече дека мажите во Дубаи полудуваат по жени. Се пофали дека кога шета во продавници сите се вртат по неа. Пејачката ги демантираше гласините дека бара богаш шеик, и вели дека во Дубави оди само за одмор.

Воопшто немам желба да најдам некој богат шеик, ниту пак да сретнам било кој друг. Кога и да сум во Дубаи одам во хотел каде што има се. Секогаш сум со пријатели или со синот. Ако излезам некаде тоа е плажа, а се враќам во хотелот и си легнувам во 9, баш витински одмор. Ако некој шеик ме види, тоа би било во продавници.Тогаш сите се вртат по мене бидејќи сум „плава“ и имам облини. Сепак мило ми е кога ме гледаат сите, но немам намера да најдам шеик при толку наши згодни момци- вели Дара.

Loading..

Дара и пред две години уживаше на песочните плажи во Дубаи, но и тогаш стоеше на истиот став дека не сака шеик, но тогаш откри дека не се нејзин тип.

“Не обрнував многу внимание на шеиците бидејќи отидов да се одморам. Преку ден се капев, сончав и уживав, а навечер одев на шопинг. Се разбира, забележав дека ме меркаат, но ништо не се обидоа. Тие сакаат да се вратат и да гледаат атрактивна плавуша, но што да им правам, не се мој тип. Би го одбила секој што би ми пришол, нема пари поради кои би била со некој од нив”, рече тогаш Дара.

извор:vesnik.com