Дигитализација: Турција се подготвува за криптовалута

Турција како една од помоќните светски економии е на добар пад да воведе и криптовалута пишува „Коинтелеграф“ . Според досегашните истражувања 20% од Турцита имаат контакт со криптовалута.

Друго истражување, пак, покажува дека уште во април 2015 година 45 отсто од Турците чувале дигитални валути за иднината, додека европскиот просек е само 28 отсто. Исто така, 56 отсто од Турците се изјасниле дека користат мобилни апликации за плаќање. Во европски рамки тоа е 33 отсто.

Loading..

„Порастот на криптовалутата можеби воглавно е поврзан со економската кpизa во земјата“, се оценува во текстот и се додава дека турската лира изгуби голем дел од својата вредност по нeycпeшниoт државен yдap во 2016 година и економската нeизвecнocт што следеше.

Поради тоа Турците брзо се подготвија да се префрлат на криптовалути, во 2017 година турската влада се обиде да го зaпpe напредокот на биткоинот, наведувајќи како причина за тоа дека дигиталните пари се некомпатибилни со исламот поради својата шпекулативна природа.

Анкара сега работи на виртуелна валута и платформа за меѓународни дигитални плаќања. Најдоцна до 2020 година треба да ја заврши фазата на тестирање и да воведе криптолира.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.