Државната администрација ќе добива К-15

Утврден е колективниот договор со кој на државната администрација се враќа К-15.

Ова е одлука од 6-тата седница на Владата.

Loading..

„Владата ја разгледа и усвои Информацијата и го утврди текстот на Гранскиот колективен договор на органи на државната управа, на стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, на судовите, јавни обвинителства, казнено – поправни и воспитно – поправни установи, на државното правобранителство, на единиците на локалната самоуправа, агенции, фондови и центри за социјални работи и други органи основани од Собранието на Република Северна Македонија. Владата на Република Северна Македонија го овласти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да го потпише Гранскиот колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ“, информираа од Владата.

Ова ќе биде прв Грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи после 1995 година, со кој администрацијата се стекнува со право на К-15, дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања во земјата на кои до сега немаа право.

Со тоа се утврдува право на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности и тоа до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права на работниците и обврски на работодавачите.