Мисајловски: Народот во Ѓорче Петров ќе победи затоа што тука љубовта кон силна и достоинствена Македонија е најсилна

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, беше во посета на Општинскиот изборен штаб во Ѓорче Петров.

„Одлична енергија во патриотското Ѓорче Петров.

Loading..

Општинскиот изборен штаб е подготвен за голема победа на 12-ти април. Ќе го посетиме секој дом, ќе тропнеме на секоја врата, ќе стасаме до секоја уличка и до секој човек. Обновата ќе стигне насекаде.

Не започна со градба ни Клиничкиот центар што го најавија, нема ништо од новите градинки, нема нова инфраструктура, ниту пак гасификација што ја ветија.
Но затоа ни донесоа погазено достоинство и изгубен идентитет.

Народот во Ѓорче Петров ќе победи затоа што тука љубовта кон силна и достоинствена Македонија е најсилна“ – порача Мисајловски преку социјалните мрежи.