Напикал 14 мигранти во возилото

Откриен криумчар на мигранти. Имено, бил приведен возач во чие возило биле пронајдени дури четиринаесет миграни. Возилото било сопрено и претресено од полицијата на автопатот Гевгелија – Демир Капија.

Од МВР соопштуваат дека вчера во 21.10 часот во близина на паркинг „Милетково“, на автопатот Гевгелија – Демир Капија, било приведено лицето С.А.(25) од село Студеничани, скопско, кој управувал патничко возило „Фолксваген фејтон“, со регистарски ознаки од друго возило, бидејќи при контрола од полициски службеници во возилото биле пронајдени 14 мигранти, од кои 12 од Авганистан и двајца од Сирија.

Loading..

И возачот и мигрантите се предадени на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка.

извор:skopskoeho.mk