Обложувачка трагедија во Црна Гора, за малку испушти 10.000 евра со 50 центи уплата

Кошаркарите на Лејкерс и Портланд се виновни што одличниот тикет не беше добитен.
Докажано е дека за успешно обложување треба и знаење и среќа, а еден жител на црногорската престолнина Подгорица беше обложувачки трагичар пред некој ден, откако со уплата од половина евро, состави тикет за кој ќе му беа исплатени 10.000 евра ако ги погодеше сите прогнози од НБА лигата и фудбалски натпревари.

Погодоците се редеа еден по друг, погоди и квота од 5.15 (победа на Денвер на гостувањето кај Милвоки), но она што го спречи да заработи 10 илјади евра беше мечот на ЛА Лејкерс и Портланд трејблејзерс. Таму очекувал помалку од 229,5 поени, а мечот беше ефикасен и паднаа 17 поени над границата, па остана со празни раце.

Loading..