ОТВОРЕНО ПИСМО – До надлежните за основните уличишта во општина Куманово

До редакцијата на КУДЕ.мк пристигна отворено писмо од професорите и родителите од основното училиште “Христијан Тодоровски – Каропош” – Куманово.

Во продолжение го објавуваме целосниот текст од писмото:

Loading..

ОТВОРЕНО ПИСМО до надлежните за основните училишта во општина Куманово

Почитувани,

Во интерес на справување со последиците од негрижа за здравјето на учениците и вработните во ООУ Христијан Карпош“, Куманово, ние заинтересираните, Ви предлагаме:

  • Да преземете одговорност за зголемениот број на заболувања на дишните патишта и други бактериски и вирусни заболувања кај наведените структури
  • Да преземете конкретни чекори за инфрастуктурни и технички подобрувања на условите за работа во ова училиште
  • Да предложите акционен план, Со временска рамка за реализација на активностите од претходните ставки.
  • Да обезбедите паричен надомест на партиципација за медикаменти, лабораториски и други медицински испитувања на веќе заболените ученици и вработени.

Со надеж дека ќе најдете начин да се справите со настанатата ситуација и дека ќе преземете мерки на превентивна заштита од ширење на заразни и други болести кај најчувствителната популација, однапред Ви блгодариме.

Со почит,

Наставници и родители на ученици од

ООУ Христијан Карпош“, Куманово

*Редакцијата се оградува од секакви ставови и мислења изнесени во писмото и за истото одговараат само лица кои го имаат составено истото, со почит редакција на КУДЕ.мк*