Пендаровски повика на засилена парламентарна соработка со Полска

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Полска, оствари билатерални средби со маршалот на Сејмот (долниот дом на полскиот парламент), Елжбијета Витек и со маршалот на Сенатот (горниот дом на полскиот парламент), Томаж Гроцки.

На средбите беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји. Оценувајќи дека Полска е ценет партнер на Северна Македонија во нејзините напори за членство во Европската Унија и во НАТО, претседателот Пендаровски повика на натамошна засилена соработка на парламентарно ниво меѓу двете држави, со цел размена на искуства и унапредување на севкупната билатерална соработка.

Loading..

Претседателот Пендаровски на средбите се заблагодари што Полска беше меѓу првите земји членки што го ратификуваа протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Претседателот Пендаровски исто така посочи на важноста за одржување и унапредување на динамиката во политичкиот дијалог меѓу двете држави.