Пола Скопје утре ќе биде без струја

Делови од Аеродром, Сопиште и Карпош утре ќе бидат без електрична енергија. Утре без струја ќе останат, од 8 до 10 часот, корисниците од булевар „АСНОМ“ броевите 14, 16, 18 и 24 во Аеродром и од 9 до 13:30 часот корисниците од село Барово во Сопиште.

Во периодот од 9 до 14 часот утре без струја ќе бидат и корисниците од булевар „Илинден“ од број 24 до 28 и од 96 до број 120 во Карпош. Од 10 до 12:30 часот утре, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од булеварите „АСНОМ“ и „Видое Смилевски Бато“ лоцирани позади бензинската станица ОКТА, како и објектот на самата бензинска станица во Аеродром.

Loading..

Корисниците од броевите 52, 56, 58 и 62 на булевар „АСНОМ“ во Аеродром ќе останат без струја од 12:30 до 15 часот, се наведува во соопштението.