Приведен Саша Koвачевиќ

Балканската музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ доживеал голема непријатност на аеродром во Њујорк.

Саша заедно со братот Раде и екипата патувал за Доминиканската Република за да сними спот.

Loading..

Но, пејачот на аеродромот во Њујорк бил приведен од полицијата.

Ковачевиќ на аеродромот во Њујорк го привела полицијата. Се случила некоја забуна, поради што тој бил симнат од редовниот лет и однесен во посебна просторија, во која се задржал неколку часа. Тамам толку за да го пропушти планираниот лет до Доминиканската Република, открил извор близок до пејачот за српските медиуми. Истиот извор пренел дека Ковачевиќ веднаш прашал зошто е приведен.

Одговорот бил дека тоа е дел од рутинска контрола и дека сега се зголемени мерките на безбедност. Набргу потоа полицијата му ги вратила документите и соопштила дека се е во ред и оти може да го продолжи патот, дополнил анонимниот извор, пренесоа српските медиуми.

извор:republika.mk