Спасени 18 мигранти во албанските морски територијални води

Албанската крајбрежна стража спаси од потонување чамец во кој се наоѓале 19 лица, од нив 18 мигранти. Меѓу 18 – те мигранти, Ирачани, Иранци и Курди, биле и пет жени и едно дете, кои се спасени благодарение на брзата интервенција на Капетанијата од Валона, на кои на примопош им пристигнале и патролите од Драч и Гуарда ди финанца.

По добиениот сигнал за помош, СОС, испратен од сопственикот на чамецот, на местото се упатиле два брода од Валона кои едвај ги спасиле животите на мигрантите, бидејќи поради немирното море, но и дефект на моторот постолеа опасност чамецот да потоне.

Loading..

Чамецот испловил од грчкиот брег, а бил на 12 милји оддалеченост од местото каде што во морето се влева реката Шкумбин. Сопственкот на чамецот, Роланд Ценко, жител на Валона, кој за високи износи пари требало мигрантите да ги префрли до италијанскиот брег, е притворен.

Откако е костатирано дека се во добра здравствена состојба, мигрантите ќе подлежат на вообичаените мерки од страна на Управата за гранична полиција и миграција. Во текот на измнатиот месец албанската полиција има откриено повеќе од 100 мигранти, кои заминувањето кон некоја од западно – европските земја го планирале преку Црна Гора.

Ова е првпат шверц на мигранти да се прави преку морски пат. Во Албанија лани биле откриени над 10.000 мигранти, што е за 50 отсто повеќе споредено со претходната година.

извор:vesnik-ilinden.com