Уапсен педофил на скопскиот аеродром

На граничниот премин „Меѓународен аеродром – Скопје“ вчера во 16.30 часот од слобода бил лишен Џ.С. (69) од гостиварското село Чајле, затоа што при проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“, по барање на Полициската станица Гостивар, за сторено кривично дело „полов напад врз дете“.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка, соопштија денеска од МВР.

Loading..