Фокус: Кацарска најави тужба за обвинителката Стефанова

Судијката Добрила Кацарска е згрозена од сведочењето на обвинтелката Лиле Стефанова, која денес ја спомна судијката како една од оние кои ѝ вршеле притисок за ослободување од притвор на бзнисменот Орце Камчев.

„Згрозена сум. Ми се јавија колеги, зошто после 38 -годишен стаж прв пат не сум на работа, бидејќи сум многу болна. И колегите кои ми се јавија се згрозени. Категорично демантирам дека сум правела пристисоци, па тоа не е мое ниво, јас да се јавувам на Стефанова или да сум праќала други луѓе.

Loading..

Морам да видам што точно е кажано и ќе размислам за тужба за клевета и навреда“, изјави судијката Кацарска за „Фокус“.

И во гостување во поранешната 1ТВ на Бојан Јованосвки, судијката Кацарска изјави дека не реагирала кај ниеден судија за Орце Камчев.

На прашањето дали е вистина дека реагирала за притворот на Орце Камчев, затоа што нејзината ќерка работи во болницата „Систина“, Кацарска рече дека фамилијата Камчеви не се само нејзини пријатели, туку семејни пријатели.

„Ова пријателство не е од пред две или пет години. Уште чичко ми од студентски денови бил пријател со сега покојниот Илија Камчев. Покрај чичко ми, со Илија Камчев се дружеше и татко ми. Мојата мајка работеше преку 30 години кај Илија Камчев, а веќе со години е пензионер. Снаа за мој прв братучед триесетина години работеше кај Илија Камчев. Ќерка ми работи 10 години во „Систина“.

Значи се работи за фамилијарно пријателство со години и тоа пријателство не само што не го кријам или не се дистанцирам од оваа фамилија после овој предмет, туку јавно ќе кажам дека јас сум среќна што тие луѓе биле дел од мојот живот, тие и сега се дел од мојот живот и така ќе остане и понатаму.

Во поглед на моја реакција или мои интересирања кај мои колеги, под полна морална, материјална и кривична одговорност пред цела македонска јавноста кажувам дека не сум реагирала кај ниеден судија, рече Кацарска.

Бидејќи „тие луѓе ми се како фамилија, секако дека би барала изземање“, додаде судијката на прашањето што ако ѝ се падне предметот „Империја“.

Добрила Кацарска

Камчеви ми се како фамилија! Што зборуваше Кацарска за случајот „Импреија“

Posted by Republika Nedelnik on Monday, 27 January 2020